Репертоар:

„Нимфоманка“ на Ларс фон Трир денеска на Синедејс

Програмата започнува во 12:00 часот во Кино Фросина со Кино пладне и филмот „Големата убавина“. 

Денеска (понеделник, 17 ноември) на програмата на Синедејс се 5 филмски наслови, меѓу кои и „Нимфоманка“ на легендарниот Ларс фон Трир.

Кино МИЛЕНИУМ 20.00 часотNYMPHOMANIAC Vol. I & Vol. II   (18+) во  режија и сценарио на легендарниот Ларс фон Трир.

„Нимфоманка“ е дива и поетска приказна за животот на една жена, од нејзиното раѓање до 50-тата година, која ни ја раскажува главниот лик, самодијагностицираната нимфоманка, Џо. Една студена зимска ноќ, стариот, шармантен, ерген Селигман ја наоѓа Џо, претепана, во една уличка. Тој ја носи дома во својот стан, каде ѝ ги негува раните, прашувајќи за ја нејзиниот живот. Селигман внимателно ја слуша Џо, која во следните осум поглавја на долго и широко му ја раскажува приказната за својот живот, богата со асоцијации и вметнати инциденти.

Charlotte Gainsbourg, која ја игра главната улога во филмот ја доби наградата за “Најдобра актерка“ на фестивалот Bodil Awards 2014, а филмот до сега беше прикажан на многу престижни фестивали, меѓу кои во Берлин, Венеција, Хонг Конг.

Кино ФРОСИНА12.00 часот Кино ПЛАДНЕ:Во програмата која е реализирана како дел од работилницата за филмска камера денеска на програмата е “Големата убавина“ (The great Beauty) на Паоло Сорентино. Филмот е италијанско-француска копродукција. Влезот е бесплатен.

19.00 часот

“Непослушни“ на Мина Ѓукиќ - Сине Балкан Филмот е приказна за Лани и Лазар, најдобри пријатели од деството. Кога Лазар се враќа, по подолг престој во странство, за погребот на татко му, Лени копнее повторно да се зближи со нејзината сродна душа од детството, но сѐ уште ги чувствува годините отуѓеност меѓу нив. Едно спонтано патување со велосипед низ прекрасната сончева селска природа ќе промени многу... Додека уживаат во бучните моменти на непослушност, Лени мора да одлучи дали нивното неморално однесување е врска врз која таа може да изгради живот.

 21.00 часот

 “ТИР“ (Tir) на Алберто Фасуло е дел од официјална селекција на „Синедејс“Оваа италијанско-хрватска копродукција е приказна за учителот Бранко кој ја менува својата професија и почнува да работи како камионџија – логичен избор ако се земе предвид фактот дека сега заработува трипати повеќе. Но сѐ си има своја цена која не секогаш е мерлива со пари. Како деца ни велеа: „работата го облагородува човекот“. Но, овде се чини дека во прашање е спротивното: токму Бранко е оној кој со неговата ефикасност, со неговата непопустливост и со неговата добра волја ја облагородува работата која станува сѐ повеќе отуѓувачка, апсурдна и поробувачка.

Филмот освои повеќе награди на Римскиот филмски фестивал: Rome Film Fest 2013 – Golden Marc’Aurelio Award (Alberto Fasulo)Rome Film Fest 2013 – Associazione Italiana Montaggio Cinematografico e Televisivo (AMC) Award (Johannes Nakajima)

23.00 часот

“Прекрсна врева “ (Beautiful Noise) на Ерик Грин е дел од музичките документарни филмови Ова е првиот документарец за едно од највлијателните андерграунд музички движења од крајот на 20 век. Во него учествуваат членови на Cocteau Twins, The Jesus & Mary Chain, My Bloody Valentine, Ride, Slowdive, Chapterhouse, Swervedriver, Lush, Curve, Pale Saints, Seefeel.

Изработен од филмски работници како Ерик Грин (сценарио и режија) и Сара Оглитри (продукција и монтажа) и нивната продукциска компанија HypFilms, „Прекрасна врева“ е DIY, независен филм и страстен проект инспириран од длабоката љубов кон оваа музика и од желбата таа да биде документирана во историјата на музиката.Придружна програма

Во рамките на придружната програма во 09.00 часот продолжуваат работилниците Eave on Demand – Macedonia 2014. 

EAVE е водечка европска организација за усовршување и развој на продукциските вештини.  Освен нивната постоечка програма European Producers Workshop, организираат и бројни програми низ Европа, Азија, Латинска Америка, Русија, Африка и Средниот Исток.

Организацијата е основана во 1988 година со цел да овозможи професионални можности за усовршување  како и да им овозможи на продуцентите од целиот свет да ги развиваат своите проекти како европски копродукции. Мрежата на EAVE ја сочинуваат над 1200 продуценти и клучни филмски професионалци (основачи, продажни агенти, дистрибутери, издавачи итн.)

Со организацијата раководи Кристина Трап и Раководителот на секторот за студии – Јани Тилтгес,  кои поседуваат значително искуство во тренинг програмите како и широки познавања на европскиот филмски сектор. Кристина Трап има 13 годишно искуство во финансирање на филмови, продукција и тренинзи во неколку европски земји. Јани Тилтгес досега се јавува како продуцент и копродуцент на над 70 долгометражни остварувања.

EAVE on Demand in Macedonia е претставена како 4 дневна работилница со една онлајн сесија. По завршувањето  учесниците ќе работат на развој на проектите  и ќе им бидат доделени конкретни задачи и обврски.Музичката програма продолжува од 22.30 часот DJ ADO во Менада.