Репертоар:

Репертоар на Кафе Кино СЛ 2017 - 10 од 18 јули

Проекција на филмови кои се дел од овогодишната програма на Кафе Киното, во рамки на манифестацијата Скопско лето 2017. 

Сите филмови започнуваат во 21:00 часот на Факултетот за ликовни уметности - Сули ан. Билетите може да се купат на благајната на Факултетот за ликовни уметности - Сули ан и се по цена од 100 денари.

На 10.07.2017, понеделник, ќе се прикаже филмот „Само крајот на светот“ (“Juste la Fin du Monde”). Тоа е канадско – француска драма во времетраење од 97 минути.

Адаптирано сценарио и режија: Ксавиер Долан

Улоги: Гаспар Улие, Марион Котијар, Винсент Касел, Натали Беј,...

Награди: Гран при од жирито на Канскиот филмски фестивал, 3 награди Цезар, 5 канадски филмски награди,...

На 11.07.2017, вторник, ќе се прикаже филмот „Автопат на смртта“ (“Collide”). Овој филм е американски акциски крими-трилер во времетрање од 99 минути.

Режија: Ирен Криви

Улоги: Николас Холт, Ентони Хопкинс, Фелисити Џонс, Бен Кингсли,...

На 12.07.2017, среда, ќе се прикаже македонската драма „Јавачи на коњи“ (“Horse Riders”) во времетраење од 85 минути.

режија: Марјан Гавриловски

улоги: Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски

На 13.07.2017, четврток, ќе се прикажува шпанско- француската хорор комедија во траење од 112 минути „Вештерките од Зугарамурди“ (“Las Brujas de Zugarramurdi”).

Режија: Алекс де ла Иглесија

Улоги: Хуго Силво, Марио Касас, Тереле Павез, Макарена Гомез, Кармен Маура...

Награди: 8 награди ГОЈА, „Златен гавран“ на Фестивалот за

фантастични филмови во Брисел...

На 14.07.2017, петок, ќе се прикаже српскиот романтичен трилер „Панама“ (“Panama”) во времетраење од 97 минути.

Режија: Павле Вучковиќ

Улоги: Славен Дошло, Јована Стојиљковиќ, Милош Пјевач...

Награди: награда за најдобар дебитант на белградски ФЕСТ, номинација за „Златна камера“ на Канскиот филмски фестивал и номинација за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Сараево...

На 15.07.2017, сабота, ќе се прикаже шпанскиот спортски биографски документарец „Меси“ (“Messi”)  во времетраење од 93 минути.

Режија: Алекс де ла Иглесија

Улоги: Лионел Меси, Јохан Кројф, Жерар Пике, Андре Иниеста...

Награди: номинација на Венецијанскиот филмски фестивал...

На 16.07.2017, недела, ќе се прикаже канадската анимирана семејна комедија која е сихноризирана на македонски јазик „Малите виленици пикси“ (“Pixies”) во времетраење од 78 минути.

Сценарио и режија: Шин Патрик О’ Рејли

Гласови (оригинални): Бил Пекстон, Кристофер Пламер, Алекса ПенаВега, Шин Патрик О’ Рејли...

На 17.07.2017, понеделник, ќе се прикаже европската (Германија/Австрија/Швајрцарија/Романија) драмска комедија „Тони Ердман“ (“Toni Erdmann”).

Сценарио и Режија: Марен Аде

Улоги: Сандра Хилер, Петер Симонишек, Томас Лојбл, Влад Иванов...

Награда: најдобар европски филм и уште 4 Европски филмски награди, награда на ФИПРЕСЦИ во Кан и номинации за Златна палма, Оскар, Златен глобус, Цезар и БАФТА...

На 18.07.2017, вторник, ќе се прикаже историската драма во времетраење од 93 минути, „Израелска љубовна приказна“ (“Supir Ahava Eretz-Israeli). Тоа е израелски и американско-британски филм.

Режија: Ден Волмен

Улоги: Ади Биелски, Авив Алуш, Алекс Енски...

Награди: „Златен петел“ од публиката за главна женска улога на фестивалот „100 цветови“ во Кина (Кинески Оскар).