Репертоар:

Репертоар на кумановскиот театар

Тековен репероар на Театар Куманово при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“...

На репероарот на Театар Куманово при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ имате можност да ги погледнете следниве претстави:

„ИДИОТИ“ според едночинките на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ.

Се игра на: 15.12.2015 почеток во 20.00 часот

„Идиоти“ од Муза Павлова, која е на еден начин „мала но голема“ драма, добива во своето значење бидејќи во неа дејствијата престануваат да бидат „слики“ и „приказни“ од Запад или Исток, туку стануваат сеопшти и „своина“ на сите нас. Искуство без идејни, временски, идеолошки или какви било ограничувања.

Актерска екипа: Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски, Марко Трајкови

 

„ЗАД КУЛИСИТЕ“ според текст на Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска.

Се игра на: 16.12.2015, почеток 20.00 часот

Претставата е комична драма на Мајкл Фрејн за еден театарски ансамбл, „собран“ и „составен“ да создаде профитабилна претстава, но нивните лични мотиви, љубовни врски, амбиции и фрустрации го водат овој обид во сè поизвесен крах.

Актерска екипа: Мартин Лазаревски, Нина Максимова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Антонио Пешевски, Александра Пешевска, Александра Михајловска, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Новко Петрушевски, Надежда Булатовиќ, Добринка Петрушевска, Славко Костовски, Љубица Кузмановска, Стојче Митевски, Калина Бошковска, Стевчо Китановски, Слободанка Димовска.

„Збор“

филм Филмот е снимен по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски и со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и Македонската радиотелевизија.

Проекција на: 18.12.2015

Филмот раскажува приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин.

Актерската екипа: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.