Репертоар:

Репертоар на Скопско лето 2017 - 10 до 15 јули

Како резултат на гостување на македонски уметници во Виетнам, специјално за Скопско лето и за прв пат во Македонија, на 10.07.2017, понеделник, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт на гости од Виетнам, Гудачкиот квартет „HBSO“ (Балет и опера на градот Хошимин), насловен „Мелодии од Виетнам“, во Национална галерија на Македонија – Даут пашин амам. Учествуваат: Танг Танх Нам (Tang Thanh Nam) – виолина, Нгуиен Тхи Чук Тхуиен (Nguyen Thi Truc Thuyen ) – виолина, Фам Ву Тхиен Бао ( Pham Vu Thien Bao) – виола и Нгуиен Тан Ањ (Nguyen Tan Anh ) – виолончело.

На 11.07.2017, вторник, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата на Данило Коцевски со наслов „Скопски легенди“, во Музеј на град Скопје. Како и во неговите предходни книги и текстовите во оваа, најновата, под наслов „Скопски легенди“ Коцевски отвара една широка слика од речиси целокупната историја на Скопје, подразбирајќи ги тука античкиот, средновековниот, османлискиот , периодот на балканските и Првата светска војна.Во тој контекст авторот посебна нагласка става врз периодот помеѓу двете светски војни и на предземотресното Скопје кое во еден општ термин се опфаќа како феномен на Старо Скопје. Но тука се опфатени и феномените, настаните и случувањата по скопскиот земјотрес со многуте специфики од тогашниот живот.Треба посебно да се истакне дека Коцевски прави и една синтеза бидејќи пишува и за современото Скопје кое на еден или на друг начин го продолжува урбаниот дух на градот.

На 14.07.2017, петок, со почеток во 20:00 часот, во продукција на театар „Џинот“ од Велес, Ве покануваме на театарската претстава „Синиот портокал“ која ќе се прикаже во Македонски народен театар – Мала сцена.                                                 

На 15.07.2017, сабота, со почеток во 20:00 часот, во продукција на Културен центар Нови Сад и „Театар 34“ од Србија, ќе се одржи театарската претстава  „Деветка“ во Македонскки народен театар – Мала сцена.

Текст:  Гоце Ристовски

Превод од македонски: Искра Пенева

Режија:  Богдан Јанковиќ

Драматург:  Симон Грабовац

Улоги: Соња Лештар, Лазар Јованов

Сцена и костими:  Милијана Лазовиќ

За сите настани погледнете го каталогот за Скопско лето 2017: https://issuu.com/64996/docs/katalog_skopsko_leto_2017-2_13cb5578ed07d2