Репертоар:

Скопски летен ритам од 12 јули - 16 јули 2017

Оваа недела во рамките на манифестацијата Скопски летен ритам која ја организира Конгресниот центар Александар Македонски, ќе може да проследите...

Следниве неколку дена ќе може да проследите:

12.07.2017 Среда 

 Концерт на група „Чардаш“ 

 20: 30 часот Плоштад Филип Втори

Две децении музиката на Чардаш Бенд е заштитен знак на доброто расположение, а нивниот реперотар се староградски изворни песни.

chardash.mk 

 

13.07.2017 Четврток 

Концерт на Тумбао Салса Бенд - Салса, Самба, Латино Џез

 20:30 часот Плоштад Мајка Тереза

Тумбао Салса Бенд десет години создаваат латино еуфорија. Свират музика која им доаѓа од срцето, интерпретирајќи традиционална кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, и на свој сопствен начин ја поврзуваат со Македонската народна музика.

 

14.07.2017 Петок  

Концерт на група „Replay“ 

20:30 часот Плоштад ВМРО

Водени од мотото „REPLAY NEVER STOPS“, бендот  „Replay“ им дава нов звук на македонските евергрини отсвирени од гитара и саксофон.

 

15.07.2017 Сабота

Концерт на „Баклава“

20:30 часот Плоштад Филип Втори

По трите објавени албуми, многуте концерти, музички спотови и музика за филм, „Баклава“ се вистинскиот музички деликатес.

 

16.07.2017 Недела  

Фолклорен ансамбл „Вапцаров “ од Скопје

20:00 часот Плоштад Богородица

Сплет на традиционални игри и танци од земјава и Балканскиот регион.