Репертоар:

Како треба да се реагира кога детето ќе се повреди

Родителите често ги совладуваат емоции кога нивното дете ќе се повреди, но таквата реакција на децата не им олеснува...

Еве што е најдобро да се прави во такви ситуации.

Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд велат дека реакцијата на родителите кога детето е повредено може да ја олесни или ја влоши детската болка.

Истражувањето, кое траеше 18 месеци во кое учествувале 92 деца на возраст од една до шест години, а кои се здобиле со лесни изгореници, покажа дека родителите, кои се многу вознемирени со повредата на детето, само им ја влошуваат ситуацијата.

Анксиозноста на родителите му отежнува на детето да се носи со ситуацијата и многу го вознемирува. Сосема е логично дека кога детето ќе гледа уплашени родители и тоа самото да биде уште поуплашено.

Таквите ситуации се тешки, како за децата, така и за мајката и таткото, но психолозите советуваат – кога детето ќе се повреди обидете се да му го одвлечете вниманието со играчки, телевизија, разговор…

– Нашиот ум има лимит на колку работи може да се фокусира наеднаш. Затоа кога е преокупиран со други работи, мозокот помалку ќе чувствува болка, велат истражувачите.

Поради тоа се верува дека во такви ситуации најдобро е на децата да им се одвече вниманието од повредата.

Секако дека не е лесно да се остане мирен кога детето ќе се повреди, но експертите советуваат да се има концентрација само на тоа како да му олесните и помогнете на детето, наместо да се грижите за сериозноста на повредата.