Репертоар:

Зошто денешните момчиња не стануваат мажи?

Ако момчињата секогаш останат момчиња, никогаш нема да созреат и да станат мажи, а се помалку се мотивирани за тоа...

Ако момчињата секогаш останат момчиња, никогаш нема да созреат и да станат мажи, а се помалку се мотивирани за тоа, предупредува др. Леонард Сакс, психолог и автор на книгите „Колапс на родителството“ и „ Изгубени момчиња“.

За тоа пред се виновни се видео игрите и недостигот на авторитет кај возрасните, смета тој.

- Момчињата читаат помалку од девојчињата, успехот во училиштето им е послаб, а само една третина од студентите кои дипломираат со најдобри оценки се момчиња. Главен проблем е што добриот успех во учењето се повеќе се гледа како нешто недоволно кул и маженствено, вели Сакс.

Игрите главен проблем

Играњето видео игри е голем проблем. На момчињата тие им одземаат лавовски дел од времето кои инаку би го поминувале во учење или спиење. Цела нивна мотивација е насочена на поминување на нивоа во игри наместо на совладување на градивото во училишето. Успесите во игрите го подигнуваат статусот меѓу врсниците, училишниот успех не.

Како родителите можат да се борат против тоа? Само со забрани, вели Сакас. Не е разумно да се препушти тежината на одлуката на детето. Вашиот син не може на своите другари да им рече дека престанало да игра затоа што „истражувањето покажува бла, бла…“

Многу му е полесно да рече дека лошите родители го исклучиле компјутерот по 40 минути. Др. Сакс препорачува на децата да им се дозволи најмногу 40 минути играње во работните денови и еден час за време за викенд. Исто така да се забранат сите игри наменети за возрасни и игри со убивање. Забраната за компјутер во детската соба, тоа е единствен начин да се контролираат. Проблемот е, вели тој, што многу родители се плашат од своите деца и не се осудуваат да им наметнат правила.

– На родителите не смее да им биде непријатно да си ја работат својата работа, па дури и по цена дека претеруваат со правилата. Не може дете да носи телефон со себе во кревет. Земете му го 21 часот навечер и вратете му го наутро, советува Сакс.

Барајте од детето одговорност

Др. Сакс во својата книга „Изгубени момчиња“ објаснува дека на момчињата им е потребно наметнување одговорност. Ако од нив ништо не се очекува, тие се немотивирани и се повлекуваат. Кога општеството испраќа порака дека мажите повеќе не се неопходни, многу од нив чувствуваат недостиг на целта.