Репертоар:

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма на 71. Кански фестивал.

Филмот „Blackkklansman (Black Klansman)“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“.

Претседателка на овогодишното жири за доделување на Златната палма беше австралиската актерка Кејт Бланшет.