Репертоар:

Четириесет години постоење на Институтот за социологија на Филозофски

Институтот за социологија во Република Македонија ја почна својата дејност пред 40 години. Со текот на времето прерасна во значајна научна установа со респектиран научен кадар кој реализираше големи фундаментални проекти кои се цврста вредносна оска, клучна за развојот на македонското општество ...

 Проектите од сферата на културниот и религискиот идентитет, културниот дијалог и мултикултурализмот, културните вредности, религискиот дијалог и толеранцијата, оставија трајни траги во македонската социолошка мисла, а решенијата и моделите кои беа понудени во рамки на овие проекти го унапредија македонското општество во сите аспекти на неговиот развој. 

Ова денеска го истакна министерката Канческа Милевска на отворањето на меѓународната научна конференција „Соочување со општествените трауми: Повик за социолошките истражувања“ по повод јубилејот 40 години од формирањето на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ. Таа им упати честитки на сите професори, колеги и вработени во Институтот, кои својот професионален ангажман и работен век го вложиле во развојот на таа наука и во едукацијата на многу генерации.

Таа рече дека резултатите од истражувачките проекти реализирани од Институтот за социологија денеска се достапни и претставени пред јавноста преку бројни монографии и зборници, научни текстови објавени во домашните и странските списанија кои се корисно помагало за младите студенти.

- Овие проекти и целата наставна програма на Институтот несомнено овозможуваат во оваа институција во која досега дипломираа над 1.000 студенти, да се создаде високо квалитетен кадар кој ефективно го следи развојот на социолошката наука и комуницира со останатите напредни средини, посочи Канческа Милевска.

Социологијата, истакна министерката, е наука која има исклучително значење за развојот на општеството, за разните облици на општествените односи, друштвените интеракции и нивниот културолошки аспект.

- Институтот за социологија во Република Македонија ја почна својата дејност пред 40 години. Со текот на времето прерасна во значајна научна установа со респектиран научен кадар кој реализираше големи фундаментални проекти кои се цврста вредносна оска, клучна за развојот на македонското општество, рече Канческа Милевска.

Додаде дека искуството и знаењето со кое се стекнала при студиите на Институтот за социологија биле од непроценливо значење за нејзиниот професионален развој и затоа е уверена дека како и досега, така и во иднина таа институција ќе создава уште многу генерации социолози кои ќе ја претставуваат срцевината на македонската истражувачка мисла и ќе бидат лидери во сферата на анализата на македонскиот општествен контекст. 

Продеканот на Филозофскиот факултет - Скопје, проф. д-р Ратко Дуев укажа дека во време на брзи и големи општествени промени изучувањето на социологијата е неопходност бидејќи постојата размена на научни сознанија од разни делови во светот нудат решенија на пробпемите со кои се соочува човекот и општеството во 21 век.