Репертоар:

На Кина и е доста од странскиот отпад

Кина е најголем светски конзумент на сурови материјали. Секоја година купува милијарди тони сурова нафта, јаглен и железна руда. Но има и еден пазар на луксузна стока во кој земјата наскоро може да има помалку доминантна улога: отпадот.

(Економист) 

Минатиот месец, Кина и објави на Светската трговска организација дека до крајот на годината нема веќе да прифаќа увоз на 24 категории на цврст отпад, како дел од владината кампања против „странското ѓубре“. Владини претставници рекоа дека забраната за ваквиот увоз ќе ја заштити животната средина и ќе го унапреди јавното здравје. Но предложениот закон ќе загрози милијарди долари во трговијата и ќе исфрли многу кинески рециклатори од бизнисот. Зошто Пекинг е толку цврст да и наштети на својата трговија заради отпадот?

Со децении, Кина беше главниот центар за процесирање на глобалниот рециклиран отпад. Во 2016 година, земјата извезла 45 милиони метрички тони отпаден метал, искористена хартија и пластика, во вредност од 18 милијарди долари. Плаќањата на странски фирми за отпад можеби изгледа како нефер зделка, но од ваквата трговија имаат корист и двете страни. Извозниците добиваат поврат на преостанатиот отпад, од поголемиот дел најверојатно би завршил на некое поле. Во меѓувреме, кинеските фирми добиваа достап до стабилна достава на рециклирани материјали – рециклиран челик, на пример, за кои е потребно 60 проценти помалку енергија отколку за челикот кој се произведуа од железна руда.

Ваквата економска корист сепак има и своја цена. Извозот на отпад кој може да се рециклира е често валкан, слабо сортиран или контаминиран со опасни супстанци. Во 2002 година, кинеските власти се соочија го силни критики откако во еден документарен филм беше прикажано како работниците во провинцијата Гуангдонг слабо опремени растураат отфрлени електронски направи и ги фрлаат отровните остатоци во река. Еден понов филм, „Пластична Кина“, ја истражува еколошката штета предизвикана од индустријата за рециклирање на пластика во земјата, каде доминираат илјадници мали фирми кај кои често недостига исправни контроли за загадувањето. Соочени со се поголемиот јавен притисок, кинеските власти почнаа да го стопираат ова. Во 2013 година, владата започна „Операција зелена ограда“, кампања да се запре извозот на нелегален и најслабо квалитетен отпад преку засилени инспекции на контејнерските бродови. Во февруари, кинеските цариници ја најавија иницијативата „Национален меч“, со цел да се намалат нелегалните испораки на индустриски и електронски отпад. Најавата од минатиот месец беше една од последните од овие обиди за да се прочисти оваа индустрија.

Владата објави дека предложената забрана ќе ја заштити животната средина. Но аналитичарите потенцираат дека поголемиот дел од отпадот кој го троши кинеската индустрија за рециклирање доаѓа од домашни извори, а не од увоз. Што се однесува до десетиците милиони тони отпад кој наскоро ќе биде блокиран на кинеската граница, дел од висококвалитетниот отпад ќе си најдат купувачи во други земји, како Малезија, Виетнам или Индонезија. Остатокот најверојатно ќе заврши на некои полиња.