Репертоар:

На споменикот на Калашњиков по грешка се најде и германски „шмајзер“

Само неколку дена по свеченото откривање на споменикот на изумителот на популарната автоматска пушка АК-47, Михаил Калашњиков, градежните работници мораа да отсранат дел од скултурата, затоа што во неа по грешка бил вметнат и германски „шмајзер“.

„Шмајзерот“ се најде на плочата зад споменикот на кој беа поставени неколку пушки дизјанирани од Калашњиков.

Станува збор за автоматската пушка СТГ44, позната под името „шмајзер“, која датира од времето на нацистичка Германија. 

- Постои и позитивна работа во целата оваа приказна. Сега сите точно ќе знаат дека АК и германската автоматска пушка се целосно различни оружја, изјави рускиот министер за култура Владимир Медински.