Репертоар:

Откриена гробница стара над 3500 години во Луксор

Египетските власти соопштија дека во Луксор, јужен Египет, откриена е фараонска гробница на кралски златар, кој живеел пред повеќе од 3.500 години.

Гробницата, во која се погребани благородниции и државници, се наоѓа на западниот брег на реката Нил.

Египетскиот министер за антиквитети Калед ел Анани истакна дека во гробницата, која не е во добра состојба, има статуа  на златарот и неговата сопруга, погребна маска, грнчарија и мумии на Египќани, кои живееле за време на 21. и 22. династија.

Гробницата е пронајдена од египетските археолози, а златарот е идентификуван како Амунхат.