Репертоар:

Венеција ќе исчезне под вода

До крајот на овој век Венеција може да исчезне под вода...

Нивото на водата во последните 1.000 години е нараснато за 30,5 сантиметри, велат научниците од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Тие ги анализираа локалните каменоломи за да ги проучуваат претходните промени на нивото на морето, а тие модели се искористени за предвидување на идните промени.

Научниците тврдат дека растот на нивото на водата меѓу 92 и 122 сантиметри до 2100 година ќе значи потоп за Венеција и 33 подрачја долж брегот.

Овие подрачја ги вклучуваат Фјумичино, во Лацио, Версилија, во Тоскана, и крајбрежните области во близина на Катанија, Кањари и Ориста.