Репертоар:

Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ од 2-6 октомври

Деветтото издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе се одржува од 2-ри до 6 октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.

Директорот на Домот на културата, Славко Данев, денеска ја презентираше програмата за фестивалот кој во понеделник ќе почне со портрет на бугaрскиот карикатурист Ивајло Цветков и ретреоспективна изложба на дела од авторот.

- Во вечерниот термин ќе настапи Народно позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, со претстава по текст од Нушиќ. На вториот фестивалски ден карикатуристот Ивајло Цветков ќе одржи работилница за карикатура, а ќе се одржи и детско хумористично шоу. Во вечерниот термин настапуваат театрите „Крик“ и „Комедија“ од Скопје, информираше Данев.

На фестивалот ќе настапат и театрите од Охрид и Велес, а за затворањето на фестивалот со стендап комедија ќе настапи актерот од Битолскиот театар Марјан Георгиевски.

Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ и годинава е финансиски поддржан од Општина Виница.