Репертоар:

Меѓународна награда за претставата „Гига мега бајка“ на Театарот за деца и младинци

Театарот за деца и младинци, се закити со награда за Колективна актерска игра за претставата „Гига мега бајка" во режија на Хана Миленковска на фестивалот "Македонско културно лето" во Пустец, Албанија. 

Уште една успешно завршена сезона на Театарот за деца и младинци, закитена со награда за Колективна актерска игра за претставата „Гига мега бајка" во режија на Хана Миленковска на фестивалот "Македонско културно лето" во Пустец, Албанија.

Фестивалот трае од 26ти до 31ви Јули, а ова е десеттото, јубилејно издание. Фестивалот трае од 26ти до 31ви Јули, а ова е десетто, јубилејно издание.

Актерската постава на оваа претстава ја сочинуваат Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски и Мики Анчевски.