Репертоар:

Објавен повик за учество на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

Годинашното 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи во Кочани од 29 мај до 3 јуни, а средиштето на настаните ќе биде во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“... 

Советот на фестивалот за селектор на годинашниот ДАФ го наименува Дарко Спасов, драматург.

– Подготовките за годинашното издание на ДАФ веќе се започнати. Го објавивме огласот за пријвување за учество на фестивалот и досега на фестивалската адреса се пријавија триесетина аснамбли од Македонија и од странство. И годинава фестивалот ќе има меѓународен карактер, а ќе бидат доделени повеќе награди, изјави Благој Пенов, директор на ДАФ.

Пријавувањето за учество на фестивалот ќе трае до крајот на овој месец, а селекторот Спасов на почетокот на месец мај ќе ги соопшти учесниците на фестивалот по што ќе биде соопштен и репертоарот на гонешниот Драмски аматерски фестивал.

Поддршка на фестивалот и годинава даде Министерството за културеа, општина Кочани како и неколку компании од приватниот сектор.