Репертоар:

Промоција на зборник од симпозиумот „Бугарската драма и театар во Република Македонија“

Бугарскиот културен центар во Скопје денеска (8 ноември 2017) ќе промовира зборник „Бугарската драма и театар во Република Македонија“ кој е избор на научни трудови од истоимениот меѓународен симпозиум кој се одржа минатата година во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.

Организатор на настанот е Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА кој соопшти дека минатогодишниот симпозиум бил прва активност во рамки на големиот проект „Европската драма и театар во Република Македонија“ инициран од ЕФТА и ректорот Јордан Плевнеш.

На симпозиумот учествуваа триесетина научни работници, професори, актери, режисери и драматурзи од двете соседни земји. Зборникот од научните трудови денеска ќе го претстават составувачот Гоце Ристовски, декан на Факултетот за театарска уметност на ЕФТА, и театрологот Ристо Стефановски, почесен професор на овој универзитет.