Репертоар:

Штипскиот театар со „Лазаревото писмо“ гостува во Велес

На сцената на велешкиот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ во понеделник, 20 март, ќе гостува театарот од Штип со претставата „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски...

Како што информираат од велешкиот театар, претставата е адаптација на истоименото дело на Живко Чинго, во кое дејството се случува во шеесетите години на минатиот век, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.

Bо претставата настапуваат актерите Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов, Гаурски, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова и Емилија Ристевска.

Автор на музиката е Марјан Неќак, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски.