Репертоар:

MTV го прослави 35-от роденден

На 1 август во 1981 година со емитување програма започна најпознатата музичка телевизија во светот Ем-Ти-Ви.

- "Дами и господа, рокенрол!", беше првата реченица со која започна емитувањето на програмата на оваа телевизија, што предизвика револуција во модерната музика. Првиот спот емитуван на Ем-Ти-Ви беше „Video Killed the Radio Star“ од „Бугалс“.

Ем-Ти-Ви за кусо време стана многу гледана и профитабилна, па со текот на годините на нејзините програми се најдоа и други содржини, освен музиката.

Така, сегашниот програмски концепт се оддалечи од првичната замисла, па денес покрај музика на Ем-Ти-Ви можат да се видат и реални шоуа и други содржини, се со цел да се задржи гледаноста.