Репертоар:

Изложба на графики и колажи на Верче Николоска во Куманово

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложба на графики и колажи на авторката Верче Николоска...

Колекцијата содржи 25 дела работени во изминатите неколку години.

Историчарот на уметност Роберт Цветковски објасни дека љубителите на уметност ќе имаат можност да проследат графики работени во техника дрворез и колажи од хартија.

– Графиките се апстракции со геометризиран стилски израз, а во колажите е присутна фигурација со голем степен на стилизираност и асоцијативност, изјави Цветковски.

Николовска за прв пат изложува свои дела пред кумановската публика. Со оваа изложба ја започнува својата турнеја по градовите ширум државата. Николовска, досега учествувала на повеќе ликовни работилници, симпозиуми за уметност, ликовни колонии.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена наредните две недели.