Репертоар:

„Божиќ во Дом на млади“ во Штип

Традиционалниот настан „Божиќ во Дом на млади“ кој има дваесетгодишна традиција, годинава ќе се одржи на 07.01.2015 година, од 22:00 часот во Општинската установа за култура „Дом на млади“ – Штип...

На сцената на „Дом на млади“ до сега поминале бројни имиња кои оставиле трага на македонската, но и меѓународната сцена.

Оваа година, настанот ќе се проследи низ изведбите на „Blues“ млад бенд од Штип, кој плени со својот звук, емоции и настап, а главен бенд на вечерта се „Fighting Windmills“ бенд од Скопје, кој гордо може да се пофали со веќе три снимени албуми и уште еден во подготовка.