Репертоар:

Македонскиот бенд „Визија“ – еден од најдобрите 10 бендови

Македонскиот бенд „Визија“ се најде помеѓу најдобрите 10 бендови на листата на британскиот музички сајт „EmergingIndieBands"...

Британскиот музички сајт „EmergingIndieBands" креираше листа на 90 најдобри бендови од сите делови на светот за минатата година. Македонскиот бенд „Визија“ се најде на високото седмо место и е еден од ретките бендови од регионов кој се најде на оваа листа.

Бендот „Визија“ е формиран во 2011 година во Скопје од членовите: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Музиката која ја изведуваат подложи на експериментирање, со што формираат свој препознатлив звук, а во своето тригодишно постоење имаат постигнато неколку поголеми успеси во и надвор од Македонија.