Репертоар:

Матине промоција на новата книга на Драган Б. Костиќ

Познатиот диџеј Драган Б. Костиќ ја објавува својата втора книга „1981“ од серијалот „Заборави ако можеш - Топ 40 хитови“...

 

Денеска (сабота) со почеток во 13 часот во просториите на „Телеком“ на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи матине промоција на новата книга „1981“.

Книгата на повеќе од 600 страници студиозно донесува приказни за секој од 320-те официјални топ 40 хитови на Велика Британија во 1981 година, низ интересни факти, животни и професионални подеми и падови, ретко соопштувани тиражни сертификати, содржини кои од читателот прават речиси врвен познавач на изведувачите и нивните популарни песни за тој период.

Како подарок со книгата ќе се дели и цеде со 320-те хита со најави од Драган Б. Костиќ.