Репертоар:

Депресијата станува едно од најчестите хронични заболувања

Депресијата е едно од најчестите хронични заболувања во светот... 

Депресијата има повеќе знаци и симптоми, а најзначајни се:

– депресивно (намалено) расположение;

– губење на интересот и задоволството или неволност;

– чувство на намалена енергија или постојан замор.

Покрај ова, лицата со депресија можат да ги имаат и следните промени: промена во апетитот, премногу или премалку спиење, загриженост и страв, намалена концентрација, неодлучност и чувство на безвредност.

Понекогаш можат да се јават и мисли за самоповредување или самоубиство. Ако ги имате овие последни симптоми веднаш јавете се на вашиот лекар, или во центарот за ментално здравје. Депресија може да настане кај секого во било на која било возраст и не е знак на слабост.

Многу други хронични болести како што се дијабетис, состојба по срцев инфаркт и мозочен удар можат да бидат здружени со депресија.

Депресијата се лечи успешно со психотерапија или лекови, а често и со комбинација на овие два начина.

Здружението на лекари за семејна медицина препорачува да живеете на здрав начин: умерена физичка активност, здрава исхрана, без цигари, умерена количина или без алкохол и доволно сон.

Разговарајте со својот најблизок за вашите и нивните емоции и проблеми.