Репертоар:

Јапанорама повторно во Скопје

Јапанорама е движење/евент од друштвен карактер кое е наменето за сите љубители на јапонската култура, историја, музика, мода итн...

Последната Јапанорама која се одржа беше организирана од Оливера Младеновска и посветена на јапонската мода. Беше проследена со презентација на модели и кратка историја за секој посебен уникатен стил.

Стиловите кои се презентираа беа: вижуал кеи, ошаре кеи, хост кеи, готик лолита, химе лолита, фери кеи, декора, гангуро, куро гјари, когал, кодона, култ парти кеи, широнури, уџи кеи, мори кеи и нео стрит фешн.

Јапанорамата започна со проекција на анимираниот филм Paradise kiss кој е исто така поврзан со модниот свет, потоа следеше презентацијата на сите стилови, дружба со нив и се заврши со играниот филм Нана.

Целта на оваа Јапанорама беше да прикажеме кои стилови можат да се сретнат на улиците низ Токио и да се иницира во иднина кај нас се почне со организирање Хараџуку собири и паради со надеж дека Хараџуку движењето во Македонија ќе порасне.

Фото: Хепи Продукција и Зориа Петкоска