Репертоар:

Курс "Светот на стрипот" во Американското катче во Штип

Во Американското катче во Штип од 7-ми април се организира курс „Светот на стрипот“...

Презентер ќе биде Александар Стеванов, а самиот курс ќе опфати теми поврзани со почетоците на американскиот стрип, сфаќањето на американските теритичари за што е тоа стрип, стрип размисли (цитати) на американски професори - историчари на уметност, историски етапи на американскиот стрип, американски стрип ликови..

Крајниот рок за пријавување е 30-ти март, а сите заинтересирани можат да се пријават со испраќање е-меил на acstipprograms@gmail.com со име, презиме и контакт телефон.