Макфест 2011 – Една поинаква приказна

Штип оваа година по 26-ти пат ќе биде домаќин на најпрестижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“, кој што ќе се одржи на 13-ти, 14-ти и 15-ти октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“.

Она што оваа година претставува новина во однос на организацијата на овој собир на квалитетни композиции и изведувачи, е додавката на продукцијата „Нова X Идеа“ , која заедно со Општина Штип ветува фестивал вреден за паметење.

– По одлично сработените концерти на Архангел, Скрим Фестивал во Скопје, Бијело Дугме и Црвена Јабука, Самер Скрим Фестивал во Охрид и концертот на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, Општина Штип ни ја дава довербата која првенствено се однесува на нашата професионалност, која ќе ја докажеме и овој пат за остварување на заедничката цел – фестивал доведен до перфекција и секако зголемување на квалитетот на „Макфест“, како фестивал кој што заслужува посебно место во светот на музиката во Македонија – изјавуваат организаторите Нова Х Идеа.

Освен трите фестивалски вечери, оваа година за првпат ќе биде организирана и офф- програма која ќе се случува на атрактивни локации во Штип. Целиот концепт на годинешново фестивалско издание на „Макфест“ ќе биде обоено со слоганот „Една поинаква приказна“, затоа што фестивалот ќе има еден поинаков изглед, со присуство на квалитетни интерпретатори и штое најважно за секој фестивал, многу хитови по неговото завршување.

Какои секоја година, трите фестивалски вечери, со директен пренос, ќе бидат прикажани на една од нашите национални ТВ- куќи.

You May Also Like