Во Србија се гради куќа за мамути

На археолошкиот локалитет Виманациум, некогашен рисмки град во близина на Стари Костолац во Србија, во тек е изградбата на подземен праисториски музеј во кој ќе бидат сместени скелети од праисториски мамути.

muzej-mamut-srbija (copy)

На простор од 1500 квадрaтни метри ќе бидат изложени скелети на праисториските џинови заедно со тлото на кои се пронајдени – се вели во репортажата за куќата на мамутите на порталот Novosti.rs. Посетителите ќе можат да одат по истата прашина по која некогаш оделе крдата мамутите во праисторискиот период кој започнал пред неколку милиони, години а завршил пред околу десетина милениуми.

На изградбата на подземниот музеј на праисторискиот свет, кој ќе биде единствен ваков во Европа, заедно работат археолози, палеонтолози, вајари, архитекти идруги, а објектот треба да биде завршен на 30 јуни.
Од Виманациум велат дека отворањето е „резервирано“ за децата од предучилишна и училишна возраст, за кои организирале превоз, претстава и музичка програма. Посебно изненадување ќе биде т. н тројански мамут дрвена фигура висока пет, а долга десет метри, во која децата ќе можат да влегуваат и да го гледаат џинот одвнатре – пренесува novosti.rs.

muzej-mamut-srbija2 (copy)

muzej-mamuta-srbija3 (copy)

You May Also Like