Музичкиот маратон „Од Вардар до Триглав“ и во МКЦ

Музичкиот маратон „Oд Вардар до Триглав“ предвидува есенска турнеја на три музички групи од три различни града и држави.

plakat_od_vardara_do_triglava_skopje

 

На 30ти октомври во МКЦ ќе се одржи музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“. Настанот е во организација на словенечките организации Кино Шишка, Moonlee Records, Катаман во соработка со МКЦ Скопје, а е подржан од Општина Љубљана и Министерство за Култура на Република Словенија.

Музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“ предвидува есенска турнеја на три музички групи од три различни града и држави. Тројката ТИ, Trus! и The John ќе настапат на 23.10 во Кино Шишка / Љубљана, 29.10 КЦ Град / Белград и 30.10 во МКЦ / Скопје, со тоа што програмата во Скопје ќе ја збогатат и The Noise Figures од Грција.

You May Also Like